Press "Enter" to skip to content

Од полноќ за 2 денари поскапува само обичниот бензин, “98-ката“ и дизелот со исти цени

Регулаторната комисија за енергетика, одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%.

Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ се зголемува за 2,00 ден/лит, додека цените на останатите горива не се менуваат.

Така од полноќ:

-бензинот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 85,00 денари/литар,

-„еуросуперот-98“ ќе има цена од 85,50 денари/литар,

-дизелот ќе се продава по цена од 76,00 денари/литар.

More from ВестиMore posts in Вести »