Press "Enter" to skip to content

Тимот на “Weleda Македонија“ и “Роса Вита“ аптеки со едукативен настан “Школа за трудници” (фото)

Додека возбудено се движите кон чинот на раѓање до моментот кога ќе го запознаете вашето бебе и ќе зачекорите во мајчинството, минувањето низ овој важен процес свесно, мирно и среќно ќе ја зголеми вашата самодоверба. Раѓањето е природен чин. Едукацијата и проверените информации овозможувааат овој процес да биде исполнет со споделување среќа, возбуда, силни емоции…Тимот на Weleda Македонија во соработка со “Роса Вита“ аптеки организираше едукативен настан “Школа за трудници” во Универзитетската Библиотека “Св.Климент Охридски“. Настанот беше од едукативен карактер и се обработи темата од зачнувањето до раѓањето на бебето, каде што идните мајки добија корисни совети за нивната животна улога – да се биде родител.-“Драги трудници, идни мајки, добредојдовте во едукацијата што ја создадовме врз основа на вашите прашања. Пред вас е нова животна фаза и сакате да дознаете што ве очекува: како да бидете најдобри за себе и новиот живот што е создаден.На едукативното предавање беа дадени совети од спец. д-р Ана Вангелов – гинеколог од болницата “Плодност“, дипл. акушерка Гордана Палашовска од Школата за трудници “Ла бебе МОЈ СВЕТ“, Александра Николовска – нутриционист и Емилија Продановска претставник на “WELEDA“ – природна и органска козметика од 1921 година.Од почетокот на светот до денес, историјата нè учи како и колку начинот на живот се променил и како продолжува да се менува. Она што никогаш не се променило, ниту ќе се промени, е создавањето на животот.Начинот на кој се одвива бременоста, породувањето, доењето и потребата за заштита, грижа и одгледување на нашето потомство засекогаш ќе останат исти. Љубовта кон потомството го одржува животот на планетата.