Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Ф4 во Купот, го победи Охрид, во Охрид пред многу навивачи од Битола (фотогалерија)

Охрид – Пелистер 25:32 (16:18)

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола како гостин во Охрид го победи истоимениот тим во натпревр во која покажа дека има квалите и сила, но и карактер кога е најпотребно.“Пелистерци“ не му дадоа шанса на охриѓани во ниту еден дел од натпреварот за пресврт и за водство, иако во еден играа два натпревари, прво против Куманово, а потоа и Охрид во вечерниот термин. Во отворањето на натпреварот двата тима влегоа рамноправно, а таков беше и резултатот 2:2, а потоа за брзо следуваше водство изразено од три гола за Еурофарм Пелистер.Потоа Охрид дојде и до ново израмнување 9:9 и 10:10, но без сила за пресврт. “Пелистерци“ ги искористија техничките грешки на домаќинот и играа добра одбрана, односно се беше во нивна режија, што им донесе и водство од +2 пред да заминат на одмор 16:18. И во второто полувреме Еурофарм Пелистер играше добро во напад и поцврсто во одбрана, па почна да зголемува предноста, дојдоа до +4 (18:22) некаде на средина на вториот дел.Во завршните петнаесетина минути “пелистерци“ заигра уште подобро, а со тоа предноста порасна, а на семафорот на страната на Охрид долго време беа запишани 20 голови, а Пелистер стигна и до 27, вредни +7 за победата да е во нивни раце. На крајот резултатот 25:32 сосема заслужен за битолчани.И овој пат, како традиција кога се игра во Охрид на трибините во “Билјанини извори“ сигурно една третина од публиката беше од Битола, а секако тука беше и дел од навивачката група “Чкембари“.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски со 8 гола, и Богдан Радивојевиќ со 7 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »