Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хемангиом на црн дроб, за што вели:
-Емангион на црниот дроб – hemangioma hepatis е гроздовидно модифициран и дилатиран сплет на крвни садови кои произлегуваат од а.hepaticae и e најчеста бенигна туморска формација на црниот дроб поретко на слезинка или бубрези. Етиолошкиот причинител е непознат за нејзино настанување, преваленција има кај бремени жени, кај долготрајна употреба на гликокортикостероиди, естрогенска терапија, но нема фамилјарна – хередитарна наследност.
Хемангиомата е честа бенигна туморска формација на црниот дроб која е асимптоматска и се детектира случајно при ехо на абдомен или КТ на абдомен. Ултрасонографски таа е со хиперехогена ехотекстура (ретко изо или хипоехогена) со јасни граници овална налик на “snow ball“, ретко може да направи компресија на ж канали и механички иктерус или крварење и абдоминална болка со коагулопатија кога е индициран хируршки третман на хемангиомот или при зголемување на димензии над 10 цм во многу ретки случаи во останатиот дел се опсервира два пати годишно.
Диференцијално дијагностички ултрасонографска разлика е отсуство на “хало“ – хипоехогена срповидна форма на рабовите кај метастази и нејасни граници.