Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј започна соработка Пигасос, одбојкарски клуб од Кожани, Грција

Раковоството на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, од Битола имаше средба со челните луѓе на екипата на Пигасос од Кожани на иницијатива на поранешниот ракометар на Пелистер, Абдула Јусуфовски од Битола кој долги години професионално работеше во Република Грција.

Првично договорени се неколку средби за запознавање и договарање на идна соработка меѓу двете екипи, а идната сабота, неколку членови од грчката екипа ќе бидат гости на нашиот последен првенствен дуел кој се игра во Битола.

-Како клуб изразуваме огромна благодарност до господинот Абдула Јусуфовски за неговата иницијатива, со што несебично покажа дека спортот не познава граници и тој како долгогодишен истакнат спортист е вистински пример како можиме и мораме да си помагаме сите во регионот независно за кој спорт се работи. Се надеваме на успешна и долгорочна соработка, истакнуваат од Пелистер Волеј.
More from ВестиMore posts in Вести »