Press "Enter" to skip to content

Пелистер го загуби натпревар со Спартак и нема да биде во плеј-офот во АБА2

Пелистер – Спартак 81:88

Кошаркарите на Пелистер од Битола во последниот натпревар, од последноиот “балон“ во АБА2 лигата, се поразени од Спартак од Ауботица и нема да бидат дел плеј-офот во АБА2 лигата. 

“Пелистерци“ добро го започнаа натпреварот квалитетно против  фаворитот, Спартак Суботица, една од најдобрите екипи АБА2 лига. Првата четвртина заврши со 16:18 за Суботица, а во втората четвртина Спартак одигра ефикасно четвртина, постигна 29 поени, а Пелистер само 15 поени. На одмор се отиде со +16 за суботичани, 31:47.

Во третата четвртина Пелистер благодарение на разиграните Костески и Магдевски имаше 29:20, и намали само на -6 (60:66).

Кошаркарите на Пелистер ја одиграа последната чествртина со -1 (21:22), што беше премалку за победа и пласман во плеј-офот.

Најефикасен  кај Пелистер беше Магдевски со 24 , Планиниќ имаше 17, а Мијовиќ заврши со 13 поени. 

More from ВестиMore posts in Вести »