Press "Enter" to skip to content

Голема донаторска акција за Домот за доенчиња и мали деца во Битола, донирани 10 илјади евра

Компанијата “Beach Villas“ од Лондон, во партнерство со “Им Лабс“ од Охрид, и вработените, поттикнаа голема донаторска акција за Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Акцијата ја спроведува здружението за заштита на природното и национално богатство “Енхелеус Лихнид“.-Целта на оваа акција е комплетно подобрување на условите за живот во домот односно куќите во кои се сместени децата. Ова е прва од низата на донации за домот, и содржи бела техника,бебешки реквизити, облека и кујнски апарати. Во наредните пратки ќе се достават лекови,храна, хемски средства,кревети и слично. Целата донација ќе биде во вредност од 10 илјади евра. Со ова ги поттикнуваме сите фирми да вложуваат во вакви активистички акции за подобрување на нашето општество, порачаа организаторите, изјави Вик Какаротски.

More from ВестиMore posts in Вести »