Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: издаден Зборник на трудови “Битолските фотографи и битолските фото ателјеа“ (фото)

-Пред 10 години, во март 2014 година обавен беше зборник на трудови за една значајна дејност во Битола која оставила длабоки траги во историјата и колектовната меморија за нашиот град, а тоа фотографската дејност, која за среќа и сега, во некое “ново време“ “живее“ во Битола, започна со своите сеќавања за настаните од “блиското“ минато, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Поводот беше дека во 2014 година се наврпија 145 години од првото фотографско атеље во Битола, а Народна техника цв битолскиот Завод и музеј го промовира Зборникот на трудови “Битолските фотографи и битолските фото ателјеа“, а на промоцијата присуствуваа бројни фотографи, автори и бројни културни дејци и јавни личности, а беше речено:Фотографиите се спомени, сведоштва, кои го исцртале мигот од историјата.Фотографијата во Битола има традиција подолга од еден век, но историските сознанија за тоа не се големи. Заради тоа во 2010 година се роди идејата за организирање научен собир на кој се иницира прашањето за битолската фотографија. Иницијативата за собирот беше граѓанска бидејќи се одблежуваат 145 години од основањето на првото на фото ателје во Битола.Во зборникот може да се прочита и дека првата фотографија се појавила пред 145 години и пред фотографиите на браќата Манаки, како и многу интересни трудови, кои се поттик да ја истражуваме оваа тема и денес, која е голема придобивка за Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »