Press "Enter" to skip to content

Марко Лозановски од Битола – млад фудбалер игра во германскиот клуб TuS Ergenzingen (фото)

-TuS Ergenzingen е со голема традиција. Тренерот на големиот англиски клуб Liverpool тренирал во TuS Ergenzingen и секоја година во лето го финансира познатиот турнир Bitzer Cup во Ergenzingen. 

-Марко Лозановски од Битола има 18 години, живее во Horb am Neckar во Германија. Tој е млад талентиран фудбалер и моментално игра во германскиот клуб  TuS Ergenzingen. Претходната година на 49 иот турнир Bitzer Cup во Ergenzingen, за него многу големо искуство, но и запишан како стрелец на единствениот гол за победа против силниот клуб Hamburger SV. Марко зпочнал да тренира фудбал од многу мала возраст тука во Битола. Неговото доаѓање во Битола на одмор го искористивме за разговор.  За себе…

Желбата за фудбал започна од мојата 6та година,сонував да бидам фудбалер и да играм за Македонија...

 Започнав да тренирам  во фудбалскиот клуб Топ Гол и од тогаш фудбалот започна да ми биде приоритет во животот. Почетокот  не беше лесен, се додека не се навикнав на барањата на спортот, но со тек на време секој ден се подобрував со работа и тренинг. На моите 11 години се одлучив на нов предизвик и продолжив да тренирам во клубот Пелистер и започнав да се натпреварувам  на повисоко ниво. Ми требаше малку време да се прилагодам на новите тренери, новите соиграчи итн, но желбата беше посилна и на мои 15 години започнавме да се натпреваруваме во Супер лига и се натпреварувавме низ цела Македонија. Тогаш се појавија првите проблеми со тренери и потешкотии, но тоа не ми претставуваше проблем јас да продолжам да тренирам и никој неуспеа да ми го сруши сонот еден ден да постанам професионален фудбалер. Едно од најголемите доживувања ми беше кога го пречекавме српскиот клуб Црвена Звезда во Битола. Тоа беше голем натпревар за мене и стекнав големо искуство кое ќе го паметам засекогаш, натпреварот го изгубивме но тоа не ме спречи да бидам среќен и да се гордеам што играв против нив. 

Црвена Звезда со две младински екипи во Битола, под Тумбекафе, одиграа со Пелистер (мега фотогалерија)

За клубот TuS Ergenzingen…

После Пелистер дојде најголемиот предизвик во мојот живот, германскиот клуб TuS Ergenzingen кој е со голема традиција. Тренерот на големиот англиски клуб Liverpool тренирал во TuS Ergenzingen и секоја година во лето го финансира познатиот турнир Bitzer Cup во Ergenzingen. Претходната година се натпреварувавме во 49. издание на Bitzer купот против Бундеслигашки тимови Freiburg, Frankfurt, Hoffenheim, Hamburger SV и ФК од Англија  Wolverhampton кој се натпреварува во англиската премиер лига. Таму го доживеав моето најголемо искуство  до сега. Моментот кој никогаш нема да го заборавам е моментот кога го постигнав единствениот гол на  против Hamburger SV тоа беше за мене незаборавно искуство. Пишуваше за мене и градскиот весник на  Ergenzingen како стрелец на единствениот гол на натпреварот. Моментално тренирам и живеам во Horb am Neckar во Германија и максимално сум посветен на тренинг и работа. Се натпреварувам во 4. младинска лига се бориме да бидеме на врвот со мојот тим и резултатите не биле никогаш подобри. Играм на позицијата лево и десно крило како што започнав на почетокот и гордо го носам бројот 10.  Најголема поддршка…

Најголемата поддршка ја имам од мојата фамилија која е секогаш тука за мене и сакам да им се заблагодарам бидејќи  тие се заслужни за мојот досегашен успех.

Идни планови…

За 5 години се гледам најмалку во втора лига, а тоа ќе го постигнам со поголема посветеност и подобри тренинзи.

Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »