Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Невидлива е војната“ од авторката Стела Маја

Спроти денот на пролетта и пролетниот саем на книгата, битолската издавачка куќа “Восток“ од Битола  ни понуди свое ново издние,  тоа  е збирката поезија „Невидлива е војната“ од авторката Стела Маја. Промоцијата на збирката се одржа во кафе бар “Паладиум“ во Битола  во атмосфера на нов концепт со срдечна интерактивна комуникација меѓу промоторите и гостите љубители на поезија.

Во рецензијата на оваа книга, промоторката м-р Симона Петровска, ќе напише:

искушенијата во човековиот живот ќе ја поведат авторката по Дантеовата потрага по вистинскиот пат и така повторно стиховите го добиваат вистинското значење: ритуалното и зборомоќта на оваа поезија се налик на исцелители на сечија душа. А пак буквите, како и гласовите зад нив, се симбол на постоењето на еден народ роден од крвава утроба и вдахнат со светлина…Според промоторот Михајло Свидерски, посебноста на збирката се огледа во тоа што стиховите освен што се интроспективни и екстроспективни по карактер, тие се локални и насочени кон битолската и македонската читателска јавност, а сепак проткаени со универзални вистини.

 Две песни заслужуваат посебно истакнување. Едната е Изнемоштена верност – која е преведена на влашки, албански, турски, српски, сефардски, ромски и грчки – во чест на Старата битолска чаршија и на оние етникуми кои го чинеа нејзиниот културолошки колорит и кои се сè уште дел од Битола, а чии преводи на промоцијата беа интерпретирани на тие етнички јазици од нативни говорители. Втората песна е Annus Mirabilis која за која говореше промоторката проф. д-р Билјана Граматковски е всушност акростих на македонската азбука и повикува на враќање на зборавените зборови од нашиот јазик, како и негово очувување.

Освен останатите интересни изданија на битолската Издавачка куќа Восток, и оваа книга, по пристапна саемска цена можете да ја најдете на тековниот Пролетен саем на книгата на платото во Офицерски дом, Битола, а кој завршува во вторник.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »