Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Ненад Костевски повреден дојде во Охрид да навива за својот клуб и своите соиграчи

По повредата на Ненад Костески, десното крило на Еурофарм Пелистер од Битола на последниот натпревар во Лигата на Шампионите во Норвешка, тој вечерва беше на трибините во салата “Билјанини извори“, со ортопедски помагала, тој не се штедеше, и им даваше поддршка на своите соиграчи.

-Хируршкиот зафат е закажан, го имам еден од најдобрите лекари во Скопје и се надевам дека ќе биде добро, ќе го поминам и периодот на рехабилитација и ќе во најбрз рок ќе се вратам на паркетот. 

А, битолчани кои беа во Охрид во голем број му посакаа на Ненад што побрзо опоравување и враќање на теренот во салата “Боро Чурлевски“, а секако тие зборови упатени од срце кон него ќе му бидат мотив повеќе сето она што следува да го помине полесно и побрзо.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »