Press "Enter" to skip to content

Боите на Колорс го осветлуваат и УКЛО Битола и регионот (фото)

Стартот на европската униврзитетска Алијанса Колорс, чиј полноправен член е УКЛО и перспективите што ги нуди за студентите, за општината и регионот, беа теми на прес конференцијата која се одржа во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола.Споделувајќи ги искуствата од стартувањето на Алијансата, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ја истакна важноста на европската интернационализација на УКЛО и бројните придобивки.  Учеството на УКЛО во Колорс e потенцирано со посебно задоволство и гордост, бидејќи според ректорот Неделковски,  УКЛО е првиот и засега единствен македонски универзитет што е дел од европска универзитетска Алијанса и се именува како европски универзитет. Тој нагласи дека:-Целта е да се зајакне соработката на долг рок, да се зголеми меѓународната видливост и да се промовира мобилност на студентите и истражувачите во Европа. Ова вклучува и организација на заеднички студиски програми и посебно е значајно што студентите можат активно да учествуваат. За прв пат се овозможува полагање предмети на еден од деветте универзитети членки на Алијансата и на крајот да се добие двојна или тројна диплома, во зависност од предметите и универзитите на кои студентите полагале.

За оваа исклучителна мерка за спречување на одливот на мозоци и привлекување на студенти, не само од регионот, туку и од другите региони во државата, се осврна и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја нагласи добрата соработка со УКЛО на повеќе нивоа.-Вклучувањето на Битола како асоциран партнер во Алијансата  е голема чест и одговорност. Влегувањето на УКЛО во семејството на европските универзитети, според Коњановски е исклучително важно и многу значајно и за Битола, рече Коњановски.Студентскиот лидер на УКЛО, Борис Гушевски се осврна кон значењето на студентите во Алијансата, нагласувајќи дека студентите се главен фактор во сите тела како во организацијата, во реализацијата на активностите и главен корисник на ефектите на Алијансата, бидејќи  студентските претставници се интегрирани во јадрото на УКЛО Колорс. Тој искажа задоволство дека е убаво да се биде студент на УКЛО, и не само сега, туку и во иднина, заради перспективите што ги нудат УКЛО и Алијансата.Проектниот координатор, проректорот, проф. д-р Јове Димирија Талевски  пресрвртницата што ја нуди Алијасата ја поврза низ нејзиниот акроним: сојуз на иновативни, колаборативни, одржливи и регионални универзитети. Тој ја претстави методологијата за имплементација на овој многу значен и крупен проект.-Академски раководител на проектот е професорката Рената Петровска-Нечковска, којашто ги одржува контактите со сите учесници во проектот и со сите универзитети, додека раководители на работните пакети се ректорот и проректорите,  професори и вработени на универзитетот, од чии редови се определени и кораководители на пакети.Исто така, нагласено е дека во центарот на целиот проект се студентите и сите нивни активности,  имајќи го во вид  фактот дека во Колорс се поврзуваат 130.000 студенти и 12.500 вработени што укажува на значењето и функцијата на Алијансата.На настанот што се одржа во присуство на комплетното раководство на УКЛО, потенцирано е дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола настапува како супстанцијален дел од европска универзитетска Aлијанса Колорс заедно со уште осум други универзитети од Германија, Франција, Шведска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија и Хрватска.  

More from ВестиMore posts in Вести »