Press "Enter" to skip to content

Чешко-македонскиот бизнис форум во Битола во организација на Регионалната Стопанска комора (фотогалерија)

Денес во хотелот и ресторан “Лозар“ во Битола во организација на регионалната Стопанска комора со седиште во Битола организира Чешко-македонскиот бизнис форум на кој учествуваа претставници на Сојузот на индустријата и транспортот на Чешка и претставници на регионалната Стопанска комора.Целта на овој  Чешко-македонскиот бизнис форум беше продлабочување на деловните контакти меѓу чешките и македонските стопанственици и заинтересираните бизнисмени да ги запознаат можностите за меѓусебна деловна соработка.На присутните им се обрати заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој рече:-Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Чешка се засноваат на традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање. Се одликуваат со континуиран и динамичен политички дијалог. Чешка е една од најгласните поддржувачи на членството на нашата држава во ЕУ. Она што радува, е тоа дека не зборуваме за декларативна поддршка и соработка, туку за конкретна во повеќе области. Како што се во делот на полицијата, одбраната, земјоделството, здравството и други политички области. Овие димензии треба да ги искористиме како цврста основа и за продлабочување на економската соработка, за дополнително унапредување на трговската размена која помеѓу двете земји бележи растечки тренд. Од 277 милиони евра во 2022 година, трговската размена во 2023 година се зголемува на 372 милиони евра.-Можностите се широки. Северна Македонија нуди стабилно, стимулативно и предвидливо деловно опкружување и за отпочнување на водење на бизнис, за реализација на нови инвестиции. Дополнително, на инвеститорите им нудиме на располагање 14 технолошко-индустриски развојни зони, во различни фази на градба, а кои ставаат на располагање инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко, додаде. На чело на делегацијата од Република Чешка беше и ја водеше г. Јозеф Сикела , министер за индустрија и трговија на Чешката Република, кој изрази особена чест од можноста за остварување на ваков вид на иницијатива и можностите за директна соработка и на регионално и локално ниво.Во своето обраќање на Регионалниот форум, градоначалникот Коњановски изрази посебна благодарност за активната вклученост на соработниците и претставниците од Регионалната стопанска комора, кои секогаш се силна и неопходна поддршка за надминување на економските предизвици и имплементација на иновативни решенија.-Ваквата средба е од посебно значење за сите нас, пред се поради можностите за подобро запознавање, потенцијална соработка и секако економски раст преку отворен дијалог, размена на идеи, меѓусебна соработка и градење на силни партнерства кои водат кон одржлива и просперитетна иднина. Битола, навистина има многу што да претстави и понуди, како од аспект на изготвена документација за повеќе проекти, така и од страна на можности за потенцијални инвестиции, што секако ќе биде презентирано за време на средбата и очекувам да поттикне на дискусија, но и на нови форми на поврзување и споделување на знаења и искуства, посочи Коњановски.Од име на Стопанската комора и стопанството од регионот, свое обраќање имаше и Мирко
Велковски, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола, кој го истакна своето
убедување дека денешната средба ќе даде стимул во интезивирањето на економската билатерална соработка на стопанствениците од нашите две држави.-Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Чешка за 2023 година достигна вредност од 402,5 милиони САД$, со зголемување од 38,38% во споредба со
2022 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 225,9 милиони САД $ со раст од 57,44%, додека увозното салдо изнесува 176,6 милиони САД $, со раст од 19,83%. Евидентиран е суфицит во трговската размена во 2023 година од 49,2 милиони САД$. За 2023 година, Република Чешка е 13-ти трговски партнер на Република Северна Македонија. Регионалната комора со седиште во Битола во изминатите 5 години во повеќе наврати во соработка со Амбасадата на Република Чешка како и гости од вашата држава организираше
неколку заеднички средби се со цел унапредување на стопанската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Чешка, нагласи Велковски.На крајот од настанот се одржаа и директни “Б2Б“ средби меѓу компании од битолскиот регион и заинтересирани компании за соработка од Чешка.

More from ВестиMore posts in Вести »