Press "Enter" to skip to content

Денис Васиљев заминува од Битола, следната сезона ќе биде во тимот на Балатонфуреди во Унгарија

Денис Васиљев, кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер одлули од наредната сезона да ја промени средина, заминува од Битола и ќе биде член на ракометниот клуб Балатонфуреди во Унгарија, а овој трансфер веќе е  најавен на официјалната страница на унгарскиот клуб. 

Васиљев до крајот на оваа сезона ќе биде во Битола како дел ос тимот кој ќе брани трофејот во Суперлигата, а ќе атакува и на победа во Купот.

Денис Васиљев помина во Битола две сезони и со Еурофарм Пелистер ја исвои шампионската титила во мината сезона, а настапуваше и во Лигата на Шампионите. 

Во Еурофарм Пелистер, Васиљев пристигна од Мотор Запорожје.

More from ВестиMore posts in Вести »