Press "Enter" to skip to content

Одлични резултати на учениците од Музичкото училиште Битола на меѓународен натпревар “Даворин Јенко“ во Белград (фото)

INTERNATIONAL COMPETITION DAVORIN JENKO е јавнамузичко-педагошка манифестација на која учествуваатредовни и вонредни ученици од основните и средните училишта, музички институции, како и студенти на музички академии. На ова реномирано натпреварување настапија ученици од Државното музичко училиште од Битола кои одлилно се претставија пред жирито и се вратија со голем број награди.

Жирито на натпреварот го сочинуваат истакнати музичари уметници од Србија и странство.Јана Попрцова Трајковска ученичка од 4 одделение освои прва награда со освоени 100 поени. Таа се натпреваруваше во преткатегорија “Б“ каде ги освои максималните бодови. Изведе дела од: Ј. С. Бах – Мал прелудиум бр. 6 во e-moll, Ј. Хајдн – Сонатa (Divertimento) во G-dur и Ф. Шопен – Валцер (Sostenuto) во Еs-dur.Дуо пијано Ана Пиловска / Деспина Куновски ученици  6 одделение освоија награда “Лауреат“ со освоени 100 (максимални поени во категоријата). Се натпреваруваа во категорија “А“ и изведоа дела од  К. Гурлит – Идила оп. 147, Коровицын  – Балаганчик.Ана Пиловска ученичка во 6 одделение освои прва награда во категорија “А“.  Изведе дела од: Л. Ван Бетовен – Соната оп. 49 бр. 2 G-dur и Ф. Шопен – Валцер оп. 69 бр. 2. Деспина Куновски ученичка од 6 одделение освои  2 награда во категорија “А“. Изведе дела од: В. А. Моцарт – Соната бр. 5 во G-dur K. 283, Ф. Шопен – Мазурка оп. 17 бр. 2 и Ф. Менделсон – Песна без зборови оп. 38 бр. 2.Софија Михајловска, ученилка од I клас 1 награда во категорија “Ц“. Изведе дела од: Л. ван Бетовен – Патетична соната оп. 13, I став и Ф. Лист – Сонет по Петрарка оп. 104.Николче Петкоски, ученик во 4 клас освои втора награда во категорија “Д“. Изведе дела од: Ј. С. Бах – Прелудиум и фуга во G-dur, I книга, Л. ван Бетовен – Соната оп. 22, I став, С. Рахмањинов – Етида оп. 33 бр. 8 и Ф. Шопен – Валцер оп. 34 бр. 1, во класа на проф. м-р Маја Божиновска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »