Press "Enter" to skip to content

Прв официјален концерт на Камерниот оркестар – Битола насловен “Барокна фантазија“ (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола пред полната сала се одржа првиот официјален концерт на Камерниот оркестар – Битола насловен “Барокна фантазија“ на кој присуствуваше министерката за култура – Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, професори, музичари, љубители на музиката од градот…Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска пред почетокот на првиот искажа почит кон успесите на ансамблот, кој со својата посветена работа децении наназад, од минатата година е нова национална институција од културата и додаде:-Камерниот оркестар на Битола е градска и национална гордост, инспиративен во творештвото и оригинален во бројните настапи. Поддршката што ја дадовме за негова институционализација и постојаната соработка со Министерството за култура е препознаена од членовите на оркестарот кои неуморно ја создаваат нашата музичка култура и ја пренесуваат на младите генерации, рече министерката за култура пред
концертот во Офицерскиот дом во Битола, каде што беше презентирана програмата на ансамблот за оваа година.-Упатувам честитки до сите музичари од Камерниот оркестар за нивната десет годишна упорна работа, која нè доведе вечерва до овде, во прекрасниот Офицерски дом, да ја славиме уметноста на националните вредности, уметност која ја афирмира Битола како град и култура, и нејзиниот препознатлив космополитски дух, рече министерката за култура, изразувајќи верба дека покрај домашните успеси, Камерниот оркестар – Битола далеку ќе го афирмира нашиот град и нашата држава на светските музички подиуми.

Директорот на Камерниот оркестар, Владимир Димовски изрази благодарност од поддршката на Министерството за култура и додаде дека како млад ентузијаст верувал дека Камерниот оркестар може да прерасне во професионална институција во која ќе се вработуваат младите луѓе, кои ќе остануваат во Битола.Димовски со задоволство го најави концертот велеќи дека Камерниот оркестар е најголемиот музички бренд на градот.На концертот беа изведени некои од најубавите композиции од барокниот период.

Музичките уметници Симон Поповски (виолина), Ангела Димковска (флејта) и Дејан
Цветковски (виолончело), кои се и првите вработени во Оркестарот, ја збогатија
вечерта со својата соло-изведба, а настапи и сопранистката Биљана Јосифов.Камерниот оркестар ќе понуди концерти како што се: „Градот на клавирите“, „Гласот на виолончелото“, „Македонска рок симфонија“, како и „Етно симфонија“.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »