Press "Enter" to skip to content

Пристигна новата опрема за мензата во РЕК “Битола“, топол оброк по повеќе од 10 години

Во РЕК “Битола“ пристигнаа првите пратки од новата опрема за мензата која наскоро треба повторно да биде отворена во комбинатот и работниците да добијат топол оброк после повеќе од 10 години пауза.Набавени се најсовремени апарати и машини кои гарантираат здрава и безбедна исхрана на вработените во РЕК “Битола“, како и на сите останатите работници ангажирани во комбинатот преку фирми изведувачи.Инфраструктурните зафати во објектот на мензата се интензивираат и наскоро вработените во РЕК “Битола“ повторно ќе дојбијат општествена исхрана, како во најдобрите години од постоењето на комбинатот. Во големата ресторантска сала вградени се инсталациите за проток на воздух, за ладење и греење, променета е електричната инсталација и дограмата. Целосно е променет и покривот на објектот.   Во кујната, каде ќе се подготуваат оброците за вработените, се изведуваат неопходните зафати согласно ХАСАП системот и деновиве започнува вградувањето на елементите.

Со ресторанот за општествена исхрана во РЕК “Битола“ стопанисува “ЕСМ Молика“. Квалитетот на храната по кој е препознатлив хотелот “Молика“ е гаранција за врвната услуга  што наскоро ќе ја добијат вработените во мензата на РЕК “Битола“.

More from ВестиMore posts in Вести »