Денес на Техничкиот факултет во Битола се одржа вториот Саем за вработување, практикантство и стипендии, како мост што ги поврзува компаниите од регионот со студентите – идни инженери.Важниот настан од име на УКЛО го поздрави ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.Присуството на голем број компании, го оцени како потврда дека реалниот сектор има потреба од квалитетен инженерски кадар. Според него, тоа е и потврда дека УКЛО со Техничкиот факултет соработува со бизнисот и стопанството бидејќи компаниите во студентите од УКЛО препознаваат избор за квалитетен кадар и тоа е силна врска што се гради и со другите единици на Универзитетот. Денеска имаме задоволство да присутствуваме повторно на Саем на кариера.-Саемот за вработување на нашиот Технички факултет се одржува на една од најстарите и најголеми единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Фактот дека оваа училница е полна со студенти, со фирми од кои најголем дел се приватни фирми, зборува за квалитетот и потребата од наши студенти. Ако приватни фирми одлучиле дел од својот кадар, претежно инженерски, да го ослободат еден, два или три дена, да ги подготват овие штандови и нивните презентации, да дојдат тука со нашите студенти, тоа значи дека го ценат Техничкиот факултет и Универзитетот и во нашите институции, во нашите факултети гледаат избор за квалитетен кадар, рече Неделковски и додаде:-Инаку, нема сила која би мотивирала еден приватен инвеститор, еден приватен бизнисмен да издвои дел од времето, да издвои средства за да дојди на еден факултет. Тоа е само квалитетот и потребата. Тука затоа ги повикувам и помладите колеги, средношколците, ова да им биде пример и добра пракса да видат дека со запишувањето на нашиот Универзитет, како што е случајот со нашиот Технички факултет, ако добро ги совладаат вештините и знаењата што ги даваат професорите, да не се грижат за својот опстанок. Нашата вклученост во Колорс e уште една потврда за зајакнувањето на соработката на Универзитетот со бизнис секторот. Тоа е соработка што се остврува меѓу Универзитетот, бизнис секторот и заедница, односно, општеството. Ако не се надополнуваат еден на друг, ќе имаат проблеми и не го оправдуваат своето постоење. Универзитетот е тука да му служи на бизнисот, да му служи на општеството, но и тие, преку соработката со Универзитетот, да си помогнат самите себе. Бидејќи, ако не е Универзитетот, бизнисите нема да имаат квалитетен кадар. Исто така, општеството не ќе може да се развива без добро едуцирано население. Тоа ни е императив, ние имаме многу настани со бизнис секторот, ова е еден од оние кои што стварно претставуваат големо задоволство да се гледаат.Деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов со задоволство истакнува дека факултетот и стопанството, индустријата и компаниите се потребни едни на други.-Ние произведуваме кадри коишто ќе можат да ги применат, да ги воведат новите технологии во производството за едно пооптимизирано, подобро производство. Во исто време се остварува и една повратна врска со компаниите и можност студиските програми да се прилагодуваат на пазарот на трудот и на потребите на стопанството. Техничкиот факултет – Битола го организира вториот по ред саем за вработување, практикантство и стипендии. Настан што прераснува во традиционален и којшто секоја година ќе го осмислуваме и збогатуваме со нови содржини. Саемот е значаен за компаниите, за студентите, за учениците, односно матурантите и сега и за Факултетот, односно за универзитетот. Зашто?Затоа што е една добра можност, компаниите да го презентираат своето портфолио, својот дел на работењето, технологиите коишто ги имаат применето и секако, можностите коишто им ги нудат на студентите и на инженерите. Ова е голема можност и за самите студенти, односно да прашаат тоа што ги интересира, а секако и за самите ученици коишто имаат можност да оформат својата слика за она што ги очекува после дипломирањето. Потребата од соработка помеѓу факултетите и компаниите во развиена економија е многу добро разбрана и неминовна. Всушност, оваа потреба претставува еден основен предуслов за економски раст којшто се базира на знаење, на иновација и на технологија. И за среќа, тоа се препознава од фирмите, имаме голем број на стипендии коишто ги даваат самите компании, можност за практикантска работа и еве и Саемот е на некој начин потврда за ова. Голем број на около 30 фирми се одзваа на нашата покана да учествуваат.Саемот е од големо значање е оценка на студентите. Покрај тоа што нуди практикански стипендии, потенцијално води кон вработување. За сето ова илустрација е големата заинтересираноста на студентите која сликовито говори за влијанието и придобивките кои ги нудат техничките науки, свесноста дека студирањето на Техничкиот факултет – Битола им дава можност да стекнат вештини кои ќе им помогнат да најдат добро платена работа. Инаку, на настанот истакнато е дека соработката на УКЛО со бизнис сектор е неминовност. Тоа впрочем е потенцирано и на стартот на Алијансата Колорс на којашто припаѓа и УКЛО, бидејќи ако не се надополнуваат едни со други, неможе да го оправдаат ни своето постоење.На Саемот за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола со свој штанд е претставен и Кредо центарот на УКЛО, особено интересен за посетителите од средните училишта од Битола како идни студенти на Техничкиот факултет или другите единици во состав на УКЛО.
На Техничкиот факултет – Битола одржан вториот Саем за вработување, практикантство и стипендии (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)