Press "Enter" to skip to content

На Техничкиот факултет – Битола одржан вториот Саем за вработување, практикантство и стипендии (фотогалерија)

Денес на Техничкиот факултет во Битола се одржа вториот Саем за вработување, практикантство и стипендии, како мост што ги поврзува компаниите од регионот со студентите – идни инженери.Важниот настан од име на УКЛО го поздрави ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.Присуството на голем број компании, го оцени како потврда дека реалниот сектор има потреба од квалитетен инженерски кадар. Според него, тоа е и потврда дека УКЛО со Техничкиот факултет соработува со бизнисот и стопанството бидејќи компаниите во студентите од УКЛО препознаваат избор за квалитетен кадар и тоа е силна врска што се гради и со другите единици на Универзитетот.  Денеска имаме задоволство да присутствуваме повторно на Саем на кариера.-Саемот за вработување на нашиот Технички факултет се одржува на една од најстарите и најголеми единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Фактот дека оваа училница е полна со студенти, со фирми од кои најголем дел се приватни фирми, зборува за квалитетот и потребата од наши студенти. Ако приватни фирми одлучиле дел од својот кадар, претежно инженерски, да го ослободат еден, два или три дена, да ги подготват овие штандови и нивните презентации, да дојдат тука со нашите студенти, тоа значи дека го ценат Техничкиот факултет и Универзитетот и во нашите институции, во нашите факултети гледаат избор за квалитетен кадар, рече Неделковски и додаде:-Инаку, нема сила која би мотивирала еден приватен инвеститор, еден приватен бизнисмен да издвои дел од времето, да издвои средства за да дојди на еден факултет. Тоа е само квалитетот и потребата. Тука затоа ги повикувам и помладите колеги, средношколците, ова да им биде пример и добра пракса да видат дека со запишувањето на нашиот Универзитет, како што е случајот со нашиот Технички факултет, ако добро ги совладаат вештините и знаењата што ги даваат професорите, да не се грижат за својот опстанок. Нашата вклученост во Колорс e уште една потврда за зајакнувањето на соработката на Универзитетот со бизнис секторот. Тоа е соработка што се остврува меѓу Универзитетот, бизнис секторот и заедница, односно, општеството. Ако не се надополнуваат еден на друг, ќе имаат проблеми и не го оправдуваат своето постоење. Универзитетот е тука да му служи на бизнисот, да му служи на општеството, но и тие, преку соработката со Универзитетот, да си помогнат самите себе. Бидејќи, ако не е Универзитетот, бизнисите нема да имаат квалитетен кадар. Исто така, општеството не ќе може да се развива без добро едуцирано население. Тоа ни е императив, ние имаме многу настани со бизнис секторот, ова е еден од оние кои што стварно претставуваат големо задоволство да се гледаат.Деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов со задоволство истакнува дека факултетот и стопанството, индустријата и компаниите се потребни едни на други.-Ние произведуваме кадри коишто ќе можат да ги применат, да ги воведат новите технологии во производството за едно пооптимизирано, подобро производство. Во исто време се остварува и една повратна врска со компаниите и можност студиските програми да се прилагодуваат на пазарот на трудот и на потребите на стопанството. Техничкиот факултет –  Битола го организира вториот по ред саем за вработување, практикантство и стипендии. Настан што прераснува во традиционален и којшто секоја година ќе го осмислуваме и збогатуваме со нови содржини. Саемот е значаен за компаниите, за студентите, за учениците, односно матурантите и сега и за Факултетот, односно за универзитетот. Зашто?Затоа што е една добра можност, компаниите да го презентираат своето  портфолио, својот дел на работењето, технологиите коишто ги имаат применето и секако, можностите коишто им ги нудат на студентите и на инженерите. Ова е голема можност и за самите студенти, односно да прашаат тоа што ги интересира, а секако и за самите ученици коишто имаат можност да оформат својата слика за она што ги очекува после дипломирањето. Потребата од соработка помеѓу факултетите и компаниите во развиена економија е многу добро разбрана и неминовна. Всушност, оваа потреба претставува еден основен предуслов за економски раст којшто се базира на знаење, на иновација и на технологија. И за среќа, тоа се препознава од фирмите, имаме голем број на стипендии коишто ги даваат самите компании, можност за практикантска работа и еве и Саемот е на некој начин потврда за ова. Голем број на около 30 фирми се одзваа на нашата покана да учествуваат.Саемот е од големо значање е оценка на студентите.  Покрај тоа што нуди практикански стипендии, потенцијално води кон вработување. За сето ова илустрација е големата заинтересираноста на студентите која сликовито говори за влијанието и придобивките кои ги нудат техничките науки, свесноста дека студирањето на Техничкиот факултет – Битола им дава можност да стекнат вештини кои ќе им помогнат да најдат добро платена работа. Инаку, на настанот истакнато е дека соработката  на УКЛО со бизнис сектор е неминовност. Тоа впрочем е потенцирано и на стартот на Алијансата Колорс на којашто припаѓа и УКЛО, бидејќи ако не се надополнуваат едни со други, неможе  да го оправдаат ни своето постоење.На Саемот за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола со свој штанд е претставен и Кредо центарот на УКЛО, особено интересен за посетителите од средните училишта од Битола како идни студенти на Техничкиот  факултет или другите единици во состав на УКЛО.

More from ВестиMore posts in Вести »