Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер во Битола за трето место на табелата на старт на разигрувањето (фотогалерија)

Пелистер – ФМП 98:89

Вечерва во Битола кошаркарите на Пелистер ја победија екипата на ФМП и го обезбедија осигураа третото место на табелата на едно коло до крајот на регуларниот дел на шампионатот на Македонија со што батем малку ги заборави разочарувањата на АБА2 лигата.

“Пелистерци“не победија како и се очекуваше, рутински,  бидејќи ФМП со прецизни шутеви, посебно за три поени, им правеа проблеми, а умрот од “балонот“ во Мостар беше видлив.Изненадувачки изгледаа оние 22:23 по 10 минути игра и 47:49 на семафорот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во корист на гостинската екипа на истекот на 20. минута од играта.Но, на почетокот на второто, малку поинаква слика на теренот. Со серија од 11:2, во рок од пет минути, „пелистерци“ го преземаа водството. Поведоа со 58:51, а потоа и 67:62 и по три одиграни периоди.

Во 34. минута, екипата од Кисела вода дојде со “половина поен“ негатива 78:77.  А два напади подоцна, скопјани стигнаа до изедначување 82:82.Во последните пет минути “пелистерци“ направија серија од 16:7, и стигнаа до планираната победа која ги става на трето место на табелата.

Најефикасен во тимот на Пелистер беше Маслинко со 31. поен (13/17 во шутот за два поени) и четири скока. Следуваат Мијовиќ кој постигна 13, Планиниќ имаше 12, а по 11 реализираше бековскиот двоец Костоски-Магдевски.

More from ВестиMore posts in Вести »