Press "Enter" to skip to content

Завршна конференција на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“

Со промотивен видео приказ за резултатите од спроведените активности и панел дискусија за предизвиците и перспективите завршува тригодишниот проект ”БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, финасиран од ЕУ, реализиран од италијанската НВО ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола.Завршната конференција на проектот „БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ е кулминација на заедничките напори и посветените иницијативи на проектните партнери и соработници во насока на поттикнување социо-економска инклузија во населба Баир. Преку соработка и посветена акција, проектот овозможи значителни подобрувања во урбаната компонента во населба Баир и подобрување на социјалната инклузија.На почетокот, се одржаа воведни обраќања од страна на проектните парнери и претставници од Делегација на ЕУ.Воведни обраќања имаа Тони Коњановски-градоначалник на општина Битола, Сузана Стијовиќ-координаторка за Западен Балкан, НВО ЦОСВ и Лидија Ангелкова-Преда Плус Фондација.Проектот се фокусираше на три клучни компоненти: зајакнување на заедницата, урбана надградба и промоција на социјални права. Холистичкиот пристап беше есенцијален за остварување на одржлив развој на локалната заедница, што вклучуваше подобрување на состојбата на ромските домаќинства, пристап до услуги и заштита на правата на сите граѓани. Преку овие напори, се создаваа услови за социјална инклузија, што впрочем значат градење на целосно развиена и хармонична заедница.На панелот модериран од новинарот Сунаи Сабриоски, експерти од релевантни области зборуваа од свој аспект и искуство и понудија свои размислувања, сугестии и нови перспективи. Проектот „БАИР“ не е само завршен проект, туку почеток на долгорочни ангажмани и иницијативи кои ќе донесат структурни промени и постојани решенија за подобрување на состојбата во населбата и за инклузија на ромската заедница.На панелот свои размислувања споделија: Мабера Камбера -Раководителка на Сектор за координација и техничка помош -МТСП, Проф-д-р Огнен Марина- Декан на Архитетонски факултет Скопје, Фатма Бајрам Аземовска-Директорка на Здружение СУМНАЛ, Нафи Сарачини -Програмски менаџер во ЕУ Делегација и Климентина Ѓорѓиоска -Пректна менаџерка на проектот Баир.Во рамки на проектот БАИР, алоцирани се околу 200 илјади евра за урбанистичка документација. Поконкретно, изработени се 12 влезни студии, предуслов за изработка на Генерален Урбанистички план за град Битола.Во овој момент се финализира изработката на 3 детални урбанистички планови за населба Баир со опфат од 30 хектари што  значат опфат на населбата во урбанистички рамки за прв пат по 25 години. Едновремено, инвестирани се приближно 150 илајди евра во реновирање на 26 домаќинства и во соработка со Општина Битола легализирани се 50 објекти.Реконструкциите на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“  исто така придонесоа за подобрување на инфраструктурата во населбата Баир. Со набавката на камион за собирање на смет со карактеристики кои одговараат на структурата на улиците во населбата Баир,  не само што се подобри комуналната инфраструктура, туку се создадоа подобри услови за живеење во оваа населба.Партнерската соработка воспоставена во проектот овозможи и реализација на социјалната и инклузивната компонента, преку спроведување на активности кои поттикнуваат развој и поддршка на културни и спортски иницијативи и кампањи за подигнување на јавната свест кај ромското население за релевантни теми од секојдневното живеење. Во текот на тригодишната реализација на проектoт спороведени се вкупно 7 кампањи за подигање на јавна свест и 6 настани за поддршка и промоција на култура и спорт со цел да се зајакне социјалната инклузија на ромското население во Битола.Низ активностите на проектот, процесот на инклузија се остваруваше преку интеракции на ромската заедница со општинската администрација, соработниците од приватниот сектор и националните и меѓународните експерти.Секојдневниот работен процес во месната заедница“Димитар Влахов” во населба Баир, вклучувајќи го Тимот за поддршка и Едношалтерскиот сервис систем (ОСС), значително го олесни контактот и пристапот на граѓаните до јавните институции. Во месната заедница во изминатите 3 години остварени се 13 лидерски средби на кои се остварија околу 200 интеракции со граѓаните од населба Баир.Во склоп на проектот, спроведени се  истражувања и изработени и публикувани повеќе анализи и прирачници: Анализа на пристапот до јавни институции во населба, Анлиза на можностите за вработување на ромското население во населба Баир и Прирачник за инклузивно урбанистичко планирање.Податоците од овие публикации се суштински за презентирање на актуелната ситуација на терен, но исто така ќе послужат како основа за креирање на идни интервенции и мерки за подобрување на состојбата во населбата Баир. Во населбата Баир во Битола, несоодветните услови за живеење на ромската заедница остануваат голем предизвик. Иако се направени напори за подобрување на условите, бројни пречки и предизвици и понатаму постојат. Проектот претставува само еден дел од непрекинатите напори што треба да се продолжат за да се оствари потполно социјално вклучување и подобрување на квалитетот на живот за сите жители на населбата Баир.

Промотивно видео: https://www.youtube.com/watch?v=G2PhrWoM1VE

More from ВестиMore posts in Вести »