Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: прво го удил во кола потоа физички го нападнал, 18 годишен битолчанец физички нападнал полицаец, каснување од куче скитник

На 28.03.2024 во 00.50 часот во СВР Битола, В.Т. (39) од с.Горно Оризари, битолско, пријавил дека на 27.03.2024 околу 21.40 часот на бензиска пумпа на ул. „8 Септември” во Битола едно лице, кое го познавал, со возило „пежо“ удрило во него и неговото возило „фолксваген голф“, по што физички го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.03.2024 околу 01.00 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник која извршувал службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.03.2024 во 00.45 часот во СВР Битола, Е.Ц. (53) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »