Press "Enter" to skip to content

Напишана историја во македонската медицина, ендоксопска револуција во болница “Плодност“ во Битола

-За прв пат направено во Македонија, ендоскопско отстранување на матка и јајници по вагинален пат или VNOTES (vaginal natural orifice transluminal endoscopic surgery) во болница “Плодност“ во Битола.

-Со лапароскопски инструменти извадовме по вагинален пат матка и јајчници кај 65 годишна жена. Пациентката истиот ден се мобилизира од кревет и за 24 часа ја напушти болницата. Немаше никакви болки, немаше посекотини на кожата и брзо ќе се врати ма своите нормални работни обврски.

Бидејќи лапароскопската хирургија постепено ја замени класичната хирургија, оваа нова техника VNOTES ќе стане хирургија на иднината и се повеќе пациентите ќе ја бараат, бидејќи ќе го почувствуваат бенефитот од истата, вели д-р Христијан Трпчевски, кој заедно со д-р Сотир Ропи, анестезиологот д-р Филип Трајковски и инструментарката медицинска сестра Емилија Србиноска, испишаа историја за прва направена ендоскопска операција по вагинален пат во Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »