Press "Enter" to skip to content

Одбележувањето на 25 годишнината од постоење на Ротари Битола започна со предавање „Урбанистичко и сообраќајно решение и претворање на центарот на Битола во пешачка зона“ (фотогалерија)

Денеска на Техничкиот факултет во Битола проф. д-р Јанез Кожељ, архитект, урбанист и планер од Универзитетот во Љубљана, Словенија, и активист од граѓанскиот сектор, oдржа гостувачко предавање на тема „Урбанистичко и сообраќајно решение и претворање на центарот на Битола во пешачка зона“.Предавањето, на кое присуствуваа професори и студенти од Техничкиот факултет, претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Општина Битола, Советот на Општина Битола и јавни претпријатија, се реализиара во соработка со Ротари клубот Битола, во рамки на одбележувањето на 25 годишнината од неговото постоење.Предавањети го отвори и ги поздрави гостите претседателот на Ротари Битола, Владимир Костурски  кој го претстави проф. д-р Јанез Кожељ, архитект, урбанист и планер од Универзитетот во Љубљана, Словенија, и додаде дека неговите искуства од регулацијата на сообраќајот во Љубљана кои тој ќе ги презенира денес ќе можат да бидат од голем продонес и за решавања на овој проблем и во Битола.Според проректорката  на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, градот Битола е подготвен и направени се првите чекори за смирување на сообраќајот и претворање на центарот на градот во поширока централна пешачка зона.-Како и во многу европски градови, така и во Битола е тешко да се усогласат барањата за мобилност на граѓаните и што значи тоа за економскиот, еколошкиот и социјалниот развој на градот, но за жал, професорот од Словенија се согласи и дека Битола има многу проблеми и треба веднаш да почнеме да ги решаваме. Интегрирано и паралелно треба да решаваме инфраструктурни проблеми, смирување на сообраќајот, затворање на централната градска зона и тоа ќе не доведе до нашата заедничка определба, Битола да ја направиме град со повеќе зелени површини. Професионално, а тоа е став и на граѓанскиот сектор, недостига политичка волја. Како експерти ќе го направиме нашиот дел, ќе испорачаме студии, стратегии и визии, но после тоа нема реализација. Затоа денешното предавање е уште еден обид да се наметне потребата од сензибилизирање на политичарите да станат свесни за процесот на одлучување, да се грижат за сите овие насоки, нагласи  професорката Буневска-Талевска.Проф. д-р Јанез Кожељ, архитект, урбанист и планер од Универзитетот во Љубљана, Словенија, рече:-Центарот на Битола е прекрасна пешачка зона, но, кога ќе погледнете наоколу гледате град што полека пропаѓа. Едниот дел е уреден, а другиот дел пропаѓа и таа разлика е навистина голема. Неопходно е на проблемот со сообраќајниот метеж во градот да му се пристапи системски. Локалната самоуправа тука игра активна улога, но, најважната работа е дали локалната власт има политичка волја, а сето тоа да биде во насока на подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани. Од она што го видов во Битола тука има споменици на културата што се претворени во руини и ја нагрдуваат сликата за градот и му штетат и на битолската култура. Локалната самоуправа може да вложува финансиски средства, и со тоа, ќе ги поттикне приватните инвеститори да ги обновуваат куќите. Сето ова е применето во Љубљана, посебно на една од главните сообраќајници која сега функционира со две коловозни ленти, а на неа се пешаците и велосипедистите кои функционираат по договор, кој го прави дури и тригодишно дете. Секогаш е тешко нешто да се започне, но, потоа тоа системски, но ако се делува по некој редослед тоа може да се заврши.-Со цел зголемување на свесноста на граѓаните за користење на јавниот превоз, а во насока на намалување на собраќајот во градот Битола, Ротари Клубот Битола  на Општина Битола ќе и донира мобилна апликација и GPS уреди, за следење на линискиот превоз од страна на корисниците во реално време. Истата ќе биде достапна и на Play Store и на App Store. На почеток ќе се изработи пилот проект со времетраеење од една година со цел ова решение да биде одржливо и применливо за сите граѓани на територијата на Општина Битола, рече  Менде Мицевски, член на Ротари клубот од Битола.Утре продолжуваат актовностите за одбележување 25 години Ротари клуб Битола, прво со предавање за историјата на ротаријанството а потоа и со свечен прием.

More from ВестиMore posts in Вести »