Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј победи на гости во претпоследното коло

Форца Волеј Ема – Пелистер Волеј 0:3

(14:25; 22:25; 22:25)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола во рамките на претпоследното 17. коло славеше победа во Скопје над екипата на Форца Волеј Ема и запиша нови три бода, со кои се искачи на третата позиција, која најверојатно ќе биди и конечен пласман за оваа сезона.

Во натпревар во кој освен во првиот сет, повеќе внимание беше дадено на кадетките и пионерките, кои направија доста грешки, односно како да одиграа онолку колку што и беше  потребно за победа, што секако не смее да помини без критика.

Поените ги освоија: Анастасија Ристевска 14, Мила Андоновска 8, Лиле Лозановска 7, Стефани Најдановска 7, Марија Димитровска 6, Ивана Белокозовска 5, Христина Трајчевска 2, Антонија Стојковска 1 и Марија Ристеска 1.

Последниот натпревар екипата на Пелистер Волеј во оваа сезона ќе го игра утре.

More from ВестиMore posts in Вести »