Press "Enter" to skip to content

Во Битола шеста победа на Еурофарм Пелистер во 6. коло од плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Струга 34:23 (16:9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 1.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Манасков 3, Цехте 5, Кузманоски, Тајник, Борзаш 3, Танкоски 3, Радивојевиќ 3, Кузмановски 4, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Васиљев 6. Пав. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2

Седмерци: 2/1, исклучувања: 4 минути

Струга: Тутенкоски, Рикановиќ, Тренчевски 8, Ѓорѓиески, Савески, Младеноски 1, Кленковски, Јанкуловски, Симоноски, Пејчиноски, Велјаноски 1, Мечкароски, Костоски 1, Матески 4, Бошњак 8, Маркоски

Седмерци: 4/4, исклучувања: 2 минути.Вечерва во Битола во рамките на 6. коло од плеј-офот на Супер ракометната лига ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно ја победија екипата на Струга и славеше заслужена победа од 34:23, полувреме 16:9.Отворањето на натпреварот беше во знак на “пелистерци“ кои по десет минути поведоа со 5:2. Потоа следуваа минути на Струга, прво за израмнување 6:6, а потоа водството 6:7. Но, потоа се си дојде на свое место, домаќинот влезе во посакуваниот ритам и почна немилосрдно да го полни противничкиот гол, а гостите постигнаа само два гола. На полувреме беше 16:9.“Пелистерци“ и во вториот дел продолжија со зголемување на водството кое се искачи на десет гола. До крајот на средбата Еурофарм Пелистер ја сочува високата предност и извојува убедлив триумф од +11 гола, 34:23.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Васиљев со шест и Цехте со пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »