Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер од Битола до победа иако имаа -20, за 3. место на стартот на плеј-офот

Кожув – Пелистер 80:87

Кошарларите на Пелистер од Битола во последното коло од оваа кошаркарска сезона победија во Гевгелија против екипата на Кожув, по одлично одиграната четврта четвртина кога и ја обезбедија победата, откако претходно имаа негатива од 20 коша.

Со оваа шеснаесеттата победа по ред завршуваат на 3. место на табелата и како трети влегуваа во разигрувањето за титула.

Пелистер по првата четвртина заврши со негатива од 12 поени, 13:25. И по втората четвртина “бркаа“ негатива.  Кожув имаше предност од 20 поени, 40:20. На одмор “пелистерци“ заминаа повторно со минус, гевгеличани имаа 35:51.

И третата четвртина не донесе ништо ново за Пелистер. Домаќините ја одржуваа предоста и во последните 10 минути влегоа со предност од 11 поени, а резултатот по 30 минути беше 67:56. 

Екипата на Кожув не ги издржа последните десет минути, бидејки “пелистерци“ постепено ја “топеа“ разликата. На 4 и пол минути до крајот израмнија на 75:75, што ветуваше интересна завршница. На четири минути пред крајот Пелистер го презеде водството 75:78 со “тројката“ на Костовски, а на 2 и пол минути повторно беше нерешено 80:80. Конечните 80:87 беа на минута и 12 секунди до крајот, кога Пелистер направи серија од 7:0 и успеа да се одбрани до крајот. 

Најефикасниот кај Пелистер Планиниќ со 24 поени, осум скока и четири асистенции. Маслинко заврши со 16 поени, и 10 скока. По 12 реализации имаа и Магдевски и Мијовиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »