Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: аневризма на абдоминална аорта

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за аневризма на абдоминална аорта, за што вели:

-Aбдоминалната аорта – аorta abdominalis е најголем крвен сад во стомачната шуплина кој е продолжување на десцендентната аорта носејќи оксидирана крв до бубрезите, долните екстремитети завршува со бифуркација на аортата на ниво L5 каде се дели во лева и десна илијачна артерија.

Аневризма на аортна претставува зголемување на дијаметарот на абдоминалната аорта над 30 мм проценет со ехо -ултрасонографија на абдомен во трансверзален и сагитален -лонгитудинален пресек.

Етиолошки постојат повеќе причини пред се долготрајно нерегулиран крвен притисок, васкулитиси воспалителни процеси на крвните садови, атеросклеротични промени на аортата со трупање на масни наслаги инфекции на аортата како и силни трауми во област на стомакот.

Ризик фактори се и пушењето, храната со полизаситени масти, возраста над 65 години, постоење на абдоминална анеуризма кај член од фамилијата итн.

Клиничката манифестација е пулсирањето околу умбиликусот, грбна болка и стомачна постојана болка.  Постојат две главни компликации едната е дисекција кинење на интимата и медијата на крвниот сад а втората е руптура на анеуризмата со брзо крварење хеморагичен шок-смрт.

Постојат анеуризм кои се мали и е доволно да се опсервираат и оние кои се големи брзорастечки кај кои е потребна хирушка интервенција најчесто кај дијаметар над 50 мм.