Press "Enter" to skip to content

Победа на фудбалерите на Пелистер во Битола, за сигурно второ место кое води во Прва лига (фотогалерија)

Пелистер – Вардар Неготино 3:1 (2:0)

Денес во Битола екипата на Пелистер на стадионот под Тумбекафе лесно ја совладаа екипата на Вардар од Неготино и запишаа три нови бода со кои се зацврстија на второто место на второлигашката табела. Во првото полувреме “пелистерци“ поведоа со 1:0 со голот на Спирковски во 21. минута, а вториот гол за Пелистер во 33. минута го постигна Танушев, а со резултат 2:0 се отиде на одмор.Во второто полувреме, во 55. минута Здравевски погоди за 3:0. Единствениот гол за Вардар Неготино го постигна Османи.По 22. одиграни кола екипата на Пелистер се зацврсти на 2. место на табелата со 51 бод, а лидет е екипата на Беса со 57 бода. Третопласираната екипа на Детонит има 45 бода, или шест помалку во однос на Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »