Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола со предавање “Ротаријанството од почетокот до денес“ (фотогалерија)

Во рамките прославата на јубилејот, 25 години Ротари клуб Битола денес, во Офицерски дом во Битола се одржа предавање на тема “Ротаријанството од почетокот до денес“ кои наиде на голем интерес на членовите на Ротари Битола, а присуствува и членови на “помладите“ ротари клубови од нашиот град.Предавачи беа Раде Христовски, проф. д-р Константин Петковски и проф. д-р Игор Неделковски.Почетокот на состанокот го означи за отворен и кон присутните се обрати претседателот на Ротари Битола, Владимир Костурски кој рече:-Денес во рамките на прославата на нашиот јубилеј ќе имаме чест предавачи на темата “Ротаријанството од почетокот до денес“ да бидат тројца наши “ротаријанци“ кои имаат голем голем “стаж“ во овој наш клуб и се едни од повозрасните членови. Тие ќе зборуваат за тоа то значи ротаријанството, кои се проритетите и што значи служење на заедницата.Раде Христовски, Чартер член на Ротари клубот се осврна на почетоците на Ротари на светско ниво, за почетоците на ротари во државата и за тоа со кои проблеми се среќаваа, и рече:-Денес ќе зборуваме за Ротари и ќе се потсетиме за почетоците, иако мислам дека овој аудиторитум ги знае овие работи. Ќе започнам со едно прашање кое мене ми го поставуваат а сигурно и вас, а тоа: е кој сте вие ротаријаните и што правите. Ми се чини како еден добар одговор е кој вели дека ние ротаријаците заедно градиме свет во кој луѓето се обединуваат, преземаат активности за да создадат трајни промени секој во нашите заедници ,и во нас самите, а ова треба сите да го знаеме како одговор и да им го кажуваме на оние кои ќе ни поставуваат ова прашање. Ротари е формиран во Чикаго, до страна Пол Харис и неколкумина во 1905 година, во простории кои и денес постојат.Името е поради тоа што ротира по канцеларите каде биле одржувани состаноците. Сега, како што е познато, Ротари е глобална мрежа од 1,4 милиони пријатели, соседи, лидери во своите професии и помагачи кои го гледаат светот во кој луѓето се обединуваат и преземаат акција за да создадат трајни промени низ целиот свет, во нашите заедници и во нас самите. Организирани во повеќе од 46.000 клубови, ширум светот, обединети во главните цели, додаде Христовски.

Проф. д-р Константин Поповски зборуваше за формирањето на Ротари Битола и за првите зачленувања на клубот, и рече.-За мене поклучно е она што се случува пред да се формира нешто, од кое зависи како ќе се работи при формирањето и понатаму. Она што е специфика за Ротари клубот Битола е тоа што единствено искуство имавме од работата на Ротари Скопје, и личната соработка со некои ротајанци од Скопје. Секако тука беше и антузијазмот на нашиот прв претседател прпф.д-р Глигор Каневче, кој тогаш направи голема работа и во рок од неколку месеци избра потенцијални членови за да се формира Ротари Битола. Започнавме со неколку луѓе а тимот се прошируваше. Тогаш состаноците се одржуваа во хотел “Битола“ чии раководителот беше и дел од Ротари. Се применуваа нормите кои требаше да се испочитуваат да се формира битолскито клуб, а тоа се случи во 1999 година, а првите значки беа доделени во хотел “Молика“.Проф. д-р Игор Неделковски зборуваше за современите текови кои не ги одминуваат ни ротаријанците. Во таа насока Неделковски прочита што напиша вештачката интелигенција за ротаријанството.-Светот секогаш се наоѓа на пресвртници, а токму во овој период е таков. Ротари фондацијата е добротворна рака која помага, и игра клучна улога да изврши влијание на заедниците ширум светот, и со тоа и кај нас. Ротари се базира на дарежливоста на ротаријаците кои ја исполнуваат мисијата на Ротари. Тоа е донирање на пари, време и експертиза, а ова може да има секакви ротации во презентациите, дали прво ќе бидат парите, времето или знаењето или обратно.Неделковски се осврна на еден од првите проекти кои Ротари Битола го организираше и постигна голем успех, а тоа е донација во училиштето во Демир Хисар. Тој зборуваше и за тоа како треба да се користат и меѓународните фондови на Ротари, стипендиите кои малку се популарни кај интерактовците, а и за еден од најголемите проекти на Ротари е тоа е излекувањето од полиото.-Мене ме радува што сега има голем број на млади луѓе во Ротари Битола, но едно ќе им порачам на помладите, да не се органичуваат на локални теми и работи, туку да гледаат подалеку, бидејќи тие се дел од еден големо светско движење, Ротари кое е глобална мисија. Нашата мисија не се сами локални проекти, многу ќе биде погрешно ако сите средства ги донираме само за локални цели.Вечер ќе се одржи свечена вечер од отворен и донаторски карактер.

More from ВестиMore posts in Вести »