Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола со победа во последното 18. коло за крај на сезоната 2023/2024 (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Македонија Макс 3:0

(25:05; 25:20; 25:11)

Пелистер Волеј од Битола со натреварот во салата на Медицинското училиште во Битола ја заврши 8. сезона во сениорската државна лига, втора по ред во втората државна лига со конечен пласман на 3. позиција на табелата. Иако целта не е остварена, пласман во Прва лига, најмногу од објективни причини и отсуството на некои стандардни играчи најчесто заради некои повреди и само повременото нивно учество во делови од сезоната, сепак и ова е успех на кој со сигурност ќе се радуваат.

Во последниот натпревар Пелистер Волеј ја победи екипата на Македонија Макс без изгувен сет, 3:0, а посебно прикажувајќи одлична игра во првиот сет кој го доби со 25:5. Иако двата сета ги добија со помалку разлика сепак играта која ја прикажаа беше на ниво кое го бара тренерот Роберт Митковски.

На овој натпревар, според него, за истакнување е и дебитантскиот настап на младата Кристијана Талевска, родена 2010 година која настапува на позицијата техничар и плени со својата висина од 183 см, а укажаната доверба ја оправда на најдобар можен начин остварувајќи 4 поени (3 од блок) и без ниту една грешка, што само ја навестува идната генерација која набрзо доаѓа на одбојкарската сцена.

Сите одбојкарки се запишаа на листата на поентери, а еве ја и листата: Марија Димитровска 9, Стефани Најдановска 8, Лиле Лозановска 5, Ивана Белокозовска 5, Анастасија Ристевска 5, Кристијана Талевска 4, Мила Андоновска 4, Марија Ристеска 3, Евгенија Јовчева 3, Емилија Бицевска 2, Антонија Стојковска 2 и Христина Трајчевска 1.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »