Press "Enter" to skip to content

Андреа и Кика го одиграа последниот натпревар во Пелистер Волеј, но одбојкарките им порачаа: Ве чекаме во Прва лига (фотогалерија)

Пелистер Волеј по победата во последното коло, на домашен терен во Битола по завршувањето на  натпреварот против Македонија Макс му оддаде признание на две првотимки, на одбојкарката со најдолг стаж во клубот од Битола Андреа Стојановска и Христина Трајчевска, на кои ова им беше последен натревар во зелено-белиот дрес.Андреа Стојановска во Пелистер Волеј е цели 11 години, односно од 2013 година и практично била дел од сите досегашни успеси на клубот кои се навистина импресивни, како и на Христина Трајчевска која исто така во клубот е речиси една деценија.-Ова практично беше нивниот последен натпревар во дресот на битолски Пелистер, а од наредната сезона Стојановска се сели во Словенија каде ќе запиши студии по спорт, а Трајчевска се сели во Скопје каде ќе го продолжи своето образование на некој од скопските факултети, рече тренерот Роберт Митковски кој истакна:-Задоволство што работел со вакви спортисти, кои се вистински пример за сите останати, со својот професионален однос до самиот крај тие само ја потврдија и оправдаа долгогодишната доверба. Тешко е кога се разделувате после толку години, чувстувате дека се откинува еден дел од вас и од клубот, но во исто време тоа е инспирација дека како тренер сте на вистинскиот пат затоа што тоа е само потврда дека создавате вистински вредности кои ќе остават траен белег за генерациите кои доаѓаат.Христина Трајчевска емитивно ја доживеа разделбата со своите одбојкарки и ни рече:

-Со одбојка започнав на 13 години и од тогаш сум активен играч на Пелистер волеј. Многу сум среќна што бев дел од овој колектив. Среќна сум за сите познанства и дружби, за сите натпревари и разговори од кои многу научив и сигурна сум дека ќе ми помогнат и во иднина. Последниот натпревар беше излив на многу емоции и среќа и тага истовремено затоа што ти се враќаат сите спомени а и сфаќаш во еден момент колку многу сето ова ќе ти недостига и дека секогаш ке го паметиш како еден многу убав период од животот. Му благодарам на целиот колектив на Пелистер што не испратија на прекрасен начин и им посакувам уште многу поголеми успеси во иднина.И Андреа Стојановска успеа да го совлада емоциите, и прегрнувајќи се со Кика и останатите одбојкарки рече:-Во клубот сум од 10годисна возраст, сите овие години имав прекрасни моменти и спомени кои оставија голем траг во мојот живот и на кои секогаш ќе се сеќавам. Од 12 години се натпреварвувам во сите категори и лигата, премногу изиграни натпревари се зад мене па затоа можеби не премногу емоционално го доживееав овај последен натпревар. Сметам дека со овој натпревар ставив точка на една убава историја со клубот Пелистер Волеј и со моите соиграчи и затоа им се заблагодарувам на сите за дологодишната соработа и многу успеси понатаму да ги следат.-Двете девојки се дел од плејадата одбојкарки кои удрија печат на првата деценија успеси на Пелистер Волеј освојувајќи шампионска титула, бројни медали и признанија, со што му покажаа на битолската јавност дека одбојката заслужува големо внимание и место во самиот врв на спортската сцена. Но, настрана од се што е остварено на спортски план, вистинската трајна вредност е што клубот опстојува на истите темели од самиот почеток, вреднувајќи ја слогата, почитта и единството во кое сите структури функционираат како едно големо семејство. Ваквиот начин на функционирање е најголемата награда за еден тренер за макотрпната и истрајна посветеност кон сите спортисти подеднакво, исто со емоции зборува Роберт Митковски.Одбојкарките тренери и сите во клубот на Кика и Андеа им посакаа успеси и среќа да ги следи понатаму во животот, а им упатија и порака:-Ви благодариме што бевте дел од нас, Ве чекаме по една година во Прва лига.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »