Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола 2013 година (фото)

-Сојузот на спортови Битола, во 2014 година, го одржа јубилејниот Избор на спортист на Битола, по 50 пат, спортист на Битола 2013 година беше Дијана Неделковска, како носител на четири злата на Светското првенство во боречки вештини кое се одржа во Атина. Веднаш зад беше тројниот првак и носител на “Златна кацига“ во мотокрос Борче Костов, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На листата на најдобри спортисти беа уште и Ана и Саша Грбиќ (ПСК Димитар Илиевски – Мурато), Илинка Ристевска, Ивана Николовска и Влатко Крбалевски (ПСК Пелистер), Александар Најдовски (Кик-бокс клуб Самурај), Денис Мухаремовски (БК Бранител), Иван Крстевски (КГС Партизан), Ангела Шеровска (ЖФК Топ-гол), Ана Иванова (СК РЕК Битола) и Никола Гулевски (МК ЛТД спортс). За најдобра екипа беше прогласена мотокрос екипата на ЛТД спортс, второпласиран беше Шаховскиот клуб, а на третото место екипата на ЖФК Топ гол. За најдобра млада екипа, без конкуренција, беше прогласена екипата на РК Пелистер, а следуваат екипите на СК РЕК Битола, КК Младост и ФК ЛГ Битола.

За најдобар спортист со инвадилитет беше прогласена Оливера Наковска-Бикова, а за најдобри професори по физичко воспитување Петре Мартиноски и Влатко Гроздановски. Признанија за најдобри екипи во ноќната трка добија ОУ “Коле Канински“ и СОУ “Таки Даскало“.Посебни признанија за придонес во развојот на битолскиот спорт добија д-р Петар Илиевски, Ѓуро Илиќ, за 45 години тренерска работа, и спортските новинари Сашо Ристевски и Зоран Мишевски.

More from ВестиMore posts in Вести »