ЕСМ Топлификација Битола информира дека од денес заради извршување на работите околу изведување на проектот “Топлификација“ во делот на улица “Партизанска“ во Битола е затворен за сообраќај потегот од “Триангл“ до ресторанот “Ловец“.
Ова времено решение за сообраќај во овој дел на Битола е согласно градежната дозвола и сообраќајните решенија.
Претходно за сообраќај беше затворена улицата “Железница“ – Обиколница во должина од еден километар каде се изведуваше топловодот и а главна разделна шахта.