Почетокот на новиот месец, носи новини со кои повторно ќе се освежи секојдневната кафе шема, а тоа е конечното отварање на нашиот омилен бар “Општина“. Познати по нивниот концепт со кој на битолчани им понудија едно поинакво исуство, комбинација од квалитетно кафе и интимна релаксирачка атмосфера во нивната зелена оаза.Оваа топла сезона, местото го краси освежувачки амбиент, расцутено цвеќе и мирисот на свежо кафе. Не само доброто кафе и пријатната атмосфера се дел од понудата на овој бар, туку и збогатеното детско катче кое ќе ги анимира вашите најмали се додека вие уживате баш во таа пријатна атмосфера и го пиете вашето кафе или омилениот коктел.“Бар Општина“ е добредојдена за сите оние чија идеална замисла за едно излегување е токму ваквиот концепт. Секако, ве охрабруваме да ги земете со вас и вашите миленици кои се исто толку добредојдени во оваа интимна зелена оаза.
Интимната зелена оаза позната како бар “Општина“, лоцирана во центарот на градот, се отвара оваа среда
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Хотел “Епинал“, Вашето омилено кафе место во градот
- За 30 години “Мотоцентар“ – подарок 10% cashback за секоја сметка
- Ново во Жан Митрев Дијагностик Битола, специјалистички ОРЛ прегледи
- Александар Тодосиев, управител на Smart Invest Group: Smart Invest Group претставува алтернативен и паметен начин на инвестирање и е запрв пат кај нас
- “Боди М“: време е за обновување