Press "Enter" to skip to content

Предавање на тема “Породување во вода“ организирано од Високата медицинска школа и болница “Плодност“

Високата медицинска школа од Битола во соработка со болницата “Плодност“ од Битола организира предавање на тема “Породување во вода“ на дипломирана акушерка Надица Нешковски, кое присутите се запознаа со специфичните техники при породување во вода.Во однос на предностите за породување во вода, предавачот истакна дека има големи придобивки, како пократки контракции, зголемена мобилност на родилката, совладување на болката, намалена потреба од лекарства итн.Искуства од болницата “Плодност“ каде eдинствено во нашата државата се изведува природно породување беа пренесени преку успешна презентација која предизвика големо внимание кај присутните во Високата медицинска школа во Битола. Се истакна дека болница “Плоднст“ е една од ретките во регионот за породувањето во вода, а се назначија активностите пред и по породувањето во вода, како и индикациите и контраиндикациите за породување во вода.Резултати од тоа која е бројката на породувања во вода, беше речено дека  успешноста од истата е 100%, кои се предностите на оваа метода која единствено во Македонија се применува кај нас, како мајките ја доживуваат оваа метода, кои се искуствата од самиот чин на породување во вода, како и многу други предности, беа објаснети од страна на Надица Нешковски, како дел од соработката на болницата “Плодност“ и Високата медицинска школа од Битола.На предавањето присуствуваа и учениците од ДСМУ “Јован Калаузи” – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »