Press "Enter" to skip to content

Ротари Битола одбележа 25 години од возобнувањето, на свечена средба додели значки, благодарници и плакети (фотогалерија)

-Во почетокот на овој месец Ротари Интернешенал извести дека Ротари клубот Битола е наследник на првиот Ротари клуб во Битола кој е формиран во 1935 година, a тоа значи дека идната година ќе прослават 90 годишнина.

-Ротаријанските значки добија Јасмина Буневска – Талевска, Крсте Неделковски и Костадин Михајловски, а Менде Мицевски доби “Paul Harris“.

-Ротар клуб Битола претстави и една долгорочна визија “За зелена Битола“.

Во Офицерски дом во Битола се одржа свечена средба на битолските ротаријанци на која беа одбележани 25 години од возобнувањето на Ротари клубот Битола.По тој повод пред присутните 36 членови на Ротари и гости зборуваше актуелниот претседател Владимир Костурски, кој на почеток по ударот на звончето, рече дека е радосен што на ваков начин веќе 25 години ги започнуваат ротаријанските средби.-Имам чест да се обратам пред вас на оваа средба по повод јубилејот 25 од основањето на Ротари Битола. Оваа забележителна прослава е момент за одбележување на досегашното работење, но и со радост сооштувам дека клубот започнува долгорочен проект “За зелена Битола“ со кој ќе се обидеме да ја подигнеме заштитата на нашата животна средина и квалитетот на нашето живеење, рече Костурски и додаде:-Две и пол децении Ротари клубот Битола го претставува столбот на заедницата во која живееме. Нашите заеднички напори и  ангажмани се во различки области, образование, здравство, животна средина… Сакам да изразам најискрено восхитување кон секој член на Ротари Битола за посветеноста и вложувањето во нашата заедница. Со големи постигнувања во минатото имаме причини да гледаме со оптимизам во иднината и да го продолжиме нашиот пат со иста посветеност и јасни цели во идните години.Костурски информира за значаен момент кој за Ротари Битола ќе претставува дополните елан и обрска.-Во почетокот на овој месец Ротари Интернешенал ме извести дека Ротари клубот Битола е наследник на првиот Ротари клуб во Битола кој е формиран во 1935 година. Тоа ќе значи дека идната година ќе прославиме 90 годишнина.Прославата на 25 годишнината на членовите им беше честитана и од Гувернерот на Дистрихтот 1912 на Словенија и Македонија, Хоџиќ, кој се обрати со пишана порака и им посака успешна работа и во иднина.На присутните им се обрати и првиот претседател на Ротари Битола, Академик Глигор Каневче, кој потсети на првите активности за формирање на клубот во Битола, за првото одбирање на членовите, за првиот официјален состанок во хотел “Молика“ за првите активности, за првите членови…За овој период од работењето, 25-те години од Ротари потсетија и за околу 60-тина проекти, односно донации во Битола, во разни области, на поединци и организации.Поведени од светкиот тренд за заштита на човечката среддина и Ротар клуб Битола претстави и една долгорочна визија. Презентација и имаа Маријана Милевски и Јове Јанкуловски кои ја претставија визијата “За зелена Битола“.-Зборувавме за Ротари, за здружена акција на луѓе кои сакаат да остават трајни вредности. Битола ја сакаме сите, а после многу разговори заклучивме дека во наредните пет години да се насочиме кон залена Битола, а токму тоа е визијата на клубот. Сакаме да креираме чиста и зелена Битола, за тоа треба да имаме поголемо партнерство, а ние сме подготвени да бидеме лидери. Сакаме и да се подигне свеста кај битолчани, посебно кај младите, а денес и официјално го соопштуваме. Како пример деновиве го имавме и предавањето на професорот од Словенија, што може да биде како пример, но секако со модификации прилагодени на Битола, рекоа Милевска и Јанкуловски.Ротари клуб Битола на свечениста беше збогатен и со тројца нови членови. Нови ротаријанци, кои ги добија и Ротаријанските значки, а тоа се: Јасмина Буневска – Талевска, Крсте Неделковски, Костадин Михајловски. Ними значките им го додели, академик Глигор Каневче, во знак на јубилеј, исто како тоа го направи на првите членови пред 25 години.Менде Мицевски доби доби “Paul Harris“ значка која се добива за донирани средства во Ротари фондацијата. “Paul Harris“ е суштински различна од значката за членство. Таа значи долгогодишна посветеност (услов е да се биде претседател на клубот и потоа да се задржи активноста). Плакети во знак на благорност беа доделени на поединци и институции, а го добија: академик Глигор Каневче, КИБ Битола, Завод и Музеј Битола, Општина Битола, Раде Христовски, Константин Петковски, Јован Пејчиновски и Никола Главинче.Како и на секоја средба на ротаријаците и оваа имаше донаторски карактер, а собраните средства ќе бидат искористени за изработка на ГИС системот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »