Press "Enter" to skip to content

1. април во Битола, магично, макар еден ден да се биде маскиран во својот омилен лик од бајки, приказни, цртани филмови, мјузикли… (фотогалерија)

Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, Пипи долгиот чорап, принцези Снежана, Бел, Пепелашка, гусари, пирати, пеперутки, зајачиња, мачки, роботи, омилени ликови од бајки, приказни, цртани филмови, омилени кукли, фудбалери…Оваа година и поклон бонбоњера.

Сите костими и маски со имагинацијата и креативноста на родителите, станаа за миг реални. Децата среќни радосни, весели што макар само еден ден живеат со својот омилен ли. На радоста на децата децата немаше крај.Во Битола се одбележа Светскиот ден на шегата, 1. април, кој се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили”. Овој ден во Македонија исто така се прославува и со маскенбал, кога сите се маскираат, облекуваат во костими и маски на суперхерои и ликови од бајки, приказни, филмови, стрипови, цртани филмови, видео игри…Како и секоја година, традиционално маскирани учници од основните училишта во Битола по повод 1. Април дефилираат по Широк Сокак. Најпрво во своето училиште, училница, училишен двор меѓу своите ученици,наставници, родители потоа како и секоја година низ Широк Сокак. Како и секоја година и оваа продефилираа ликови со најразлични маски и костими.Секој со глума и однесување на ликот кој се претставува. Така макар и за еден еден секој можеше да се најде маскиран како својот омилен лик и да се пренесе во еден чудесен свет на фантазијата оддалечувајќи се од секојдневната реалност. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга – приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »