Press "Enter" to skip to content

“Гороцвет“ на Маја, Јана и Соња, вечер на музика и поезија (фотогалерија +видео)

Вечерва во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола се одржи вечер на музика и поезија насловен “Гороцвет“, на кој настапија професорките од Државното музичко училиште од Битола Маја Митровска (сопран) и Јана Четелева Белевска (пијано), а гостин им беше актерката Соња Михајлова.На вечерта на музика и поезија беа изведени дела од Ф. Шопен – аранжам за глас и пијано, Прелудиуму, од В. Белини – арија на Норма од истоимената опера, од С. Рахмањинов- “Молитва“ и етида, од С. Кардило – “Core ‘ngrato“ и Т. Прокопиев – “Галебе мој“.

Ова не е прва ваква соработка на професорките Митровска и Четелева – Белевска кои соработувале уште за време на студентските денови. Тие минатата година ја обновиле соработката со настап на годишниот концерт на професорите од Државното музичко училиште, а овој настан најавува понатамошна соработка меѓу нив.-Соња Михајлова е наша драга гостинка на настанот, актерка која ќе ги оживее моите стихови, рече професорката Маја Митровска.Актерката Соња Михајлова ги изрецитира песните “Среќа“, “Сон“, “Љубов“, “Мајка“ и “Зора“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »