Press "Enter" to skip to content

Утврдени термините за кошаркарскиот плеј-оф, Пелистер стартува в сабота во Битола против Еуро Никел

Кошаркарската федерација на Македонија ги дефинира дефинирани термините и саатниците за првите натпревари од четвртфиналето на плеј-офот на шампионатот на Македонија, кој стартува овој петок.

Екипата на Пелистер од Битола натпреварите од резигрувањето за титула ги започнува в сабота, 6 април, во 19 часот во серијата од најмногу пет натпревари против Еуро Никел 2005.

Според пропозициите во Битола ќе се играат првите два натпревари, потоа два во Кавадарци, а ако двата клуба имаат по две победи мајсторката за пласман во полуфинале ќе се игра во Битола.

Но, да се надеваме дека кошаркарите на Пелистер за три победи нема да чекаат пет натпревари, а тоа ќе се случи порано за да имаат повеќе време за одмор со полуфиналето, што со оглед на темпото кои го имаа овие два месеци во домашното првенство, купот и АБА2 лигата ќе им е потребен.

Покрај Пелистер – Еуро Никел 2005 во четвртфиналните натпревари уште играа МЗТ Скопје – Гостивар, Работнички – Феникс 2010 и Чаир 2030 – ТФТ Mozzart.

More from ВестиMore posts in Вести »