Press "Enter" to skip to content

“АБЦ Дојчиновски“ Битола ги утврди цените за идната грејна сезона, се враќаат на цена од 220 денари по вреќа

Еден од најголемите увозници на пелети за греење во државата, компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола како и најави претходно ги договори и потврди цените на пелетите за идната грејната сезона, по кои ги предвидоа, намалени, односно се враќаат на цени од 220 денари до 250 денари по вреќа, секако со дебелина 6 мм и сите сертифицирани со сертификатот ENplusA2 или ENplusA1.

Иако сме на крај на грејната сезона она што најповеќе ги интересира граѓаните кои домовите ги заграваат на пелети, кои ќе бидат цените. Од компанијата “АБЦ Дојчиновски“ ни рекоа:-Ако имавме две грејни сезони кои поминаа со доста проблеми можеме да известиме дека ни следува стабилна грејна сезона со веќе утврдени цени на пелетите. Она што ние како увозници на пелети можам да кажам се дека завршени се сите преговори со производителите и се договорени, како и претходно најавивме, цени пониски од оние кои ги имаме сега на крајот на сезоната. Нашите партнери во земјите околу нас, пред се во Србија, Турција, Грција и секако во Македонија нудат добар квалитет и по цени кои се прифатливи, кога станува збор за овој вид на греење. 

Конкретно за цените од “АБЦ Дојчиновски“ додаваат:

-Секако не можеме да ја унифицираме цената на пелетите, исто како што нема исти цени на други исти производи. Цените сега и за идната грејна сезона се од 220 денари до 249 денари по вреќа, во зависност од квалитетот и производителот. По цена од околу 220 денари по вреќа од 15 килограми нудиме стандардни пелети, со добар квалитет.

Што се однесува пак до начинот на плаќање “АБЦ Дојчиновски“ им нуди и можност за плаќање на рати.

Компанија “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите има и друга програма секако поврзана со греењето, продаваат печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив.