Press "Enter" to skip to content

Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска од Битола претставени во Смедерево, Србија

Поетесите Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска од Битола деновиве учествуваа на книжевна вечер и трибина со наслов „Жени, живот, книжевност“ во Смедерево, Република Србија. Двете авторки се претставија со избор од нивното творештво, додека реномираната српска писателка Билјана Миловановиќ Живак, која беше модератор на вечерта и автор на проектот, прочита преводи на нивната поезија на српски јазик.

Андоновска-Трајковска и Мундишевска-Велјановска зборуваа и за тематските определби во нивните дела, за ангажираната поезија, за моќта на зборот, како и за нивните искуства како уредници на списанија и организатори на книжевни манифестации. Со прашања и мислења се вклучи и публиката, а се дискутираше и за положбата на писателките во книжевноста и општествениот живот.

Книжевната вечер се одржа во Етно-клубот во Смедерево, а беше организирана во рамки на проектот „Граѓански бран“ на Здружението „Разбивање на тишината“ со поддршка на движењето „Тврдина“ од Смедерево.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »