Press "Enter" to skip to content

Ненад Костески е успешно опериран, му престои период на рехабилитација

 
Десното крило на Еурофарм Пелистер од Битола денеска во градската болница “8-ми Септември“ во Скопје беше успешно опериран во текот на вчерашниот ден во Скопје, по повредата по која медицински е утврдено дека има скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и фрактура.

Членот на шампионот Еурофарм Пелистер од денеска го започнува долгиот процес на рехабилитација и се очекува да се врати на терените за најмалку шест месеци.

Костевски се повреди на последното коло на Лигата на Шампиони на натпреварот со Колстад од Лигата на шампионите во Норвешка на стартот на натпреварот.

За Костевски оваа сезона е завршена предвреме, нема да биде во тимот на Еурофарм Пелистер во битката за одбрана на титулата, нема да биде дел ниту од македонската репрезентација во бараж двомечот против Фарски Острови.

Од клубот и неговите соиграчи, како и од навивачите кон Костевски се голем број на објави за негови брзо опоравување и враќање на терен, во зборовите НЕНАД СО ТЕБЕ СМЕ! 

More from ВестиMore posts in Вести »