Press "Enter" to skip to content

Дарко Радуловиќ: Пелистер е фактор во македонската кошарка, АБА2 многу ни помогна, Битола ќе гледа квалитетна кошарка

Пелистер минува уште една успешна сезона и со оптимизам гледа на почетокот на плеј-офот, кој започнува уте во Битола каде ќе се играат двете по ред први средби, како оредвидуваат пропозициите.

На прес конференција пред стартот на плеј-офот зборуваше тренерот Дарко Радуловиќ кој нагласи дела во клубот се свесни за растот на организациски план и големи се очекувањата и во ова разигрување, и дека може слободна да каже дека Пелистер е на прав пат. 

-Оваа година Пелистер се подигна на организациско ниво и на сите им е јасно дека во нашиот клуб добиваат сериозен конкурент по сите основи. Иако реномето не е такво и треба време да се изедначи со МЗТ Скопје и Работнички, во последните години Пелистер може да каже дека е фактор во македонската кошарка. Луѓето кои се подржувачи на овој спорт гледаат на Пелистер некој кој ќе има битен збор во блиска иднина. Тимовите кои се натпреваруваат во АБА2 лигата не се аспиранти за титулите во своите земји, во Србија, БиХ, Хрватска, но имаат квалитет за да играат во оваа лига. Прво, носи квалитет во однос на брендот и многу играчи оваа лига ги тера да дојдат во овие клубови. Пелистер ќе расте како бренд доколку постојано е присутен во АБА лигата, Оваа година за еден натпревар не влеговме во плеј-офот, но оваа сезона АБА2 лигата беше убедливо најсилна од сите изданија. Жалиме што не успеавме да се пласираме меѓу осумте најдобри, но задоволни сме што прикажавме и како ги браневме боите на сопствената екипа и на градот, рече Радуловиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »