Во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера.Традиционално, на вечерата присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со претставници на битолското муфтиство, пратеничките во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, директорите на јавните претпријатија, претставници на советничките групи од општинскиот Совет, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
Градоначалникот Коњановски, посочи дека овој месец кога верниците од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, посебно е важно, да се истакне меѓусебното почитување, соработка и заедничкото негување на добрите дела, кои значат градење на вистински вредности.
Присутните гости се заблагодарија за ваквата организација која потврдува дека, Битола е град во кој се негуваат хумани, општочовечки односи, кои се значајни и во континуираната ангажираност за воведување разновидност и инклузија во градот.
Оваа година, Рамазанскиот пост започна на 11 март и завршува на 9 април. Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува во среда на 10 април.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2024/04/kk-eur-258.jpg?fit=1000%2C566&ssl=1)
Ифтарска вечера организирана од градоналникот на Битола, Коњановски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)