Press "Enter" to skip to content

Пелистер го надигра и победи Еуро Никел со 34 разлика, во Битола, за1:0 во плеј-офот (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 94:60

Вечерва во Битола се одигра првиот натпревар од предвидените пет, во рамки на четвртфиналето од плеј-офот, кошаркатите на Пелистет го победија Еуро Никел од Кавадарци и го најавија полуфиналето.Пелистер по овој натопревар поведе со 1:0 преку победа од 34 поени разлика (94:60), пред околу 1.000 љубителите на кошаркарита.

Еден од најдобрите кошаркарски натпревари на Пелистер  започна со одличен почеток, а по десет минути беше 24:11. Во овој почетен дел од натпреварот доминираа центрите Маслинко и Планиниќ, а одлично разигруваше Костески.  Одличниот старт  на битолчани го одреди и го реши победникот.“Пелистерци“ продолженија и во втората четвртина со сигурна игра, а на одмор заминаа со 43:26.По одморот, односно во третата која заврши со 20:20, се играше најрамноправно, но Пелистер ја задржа истата разлика како и пред одморот, а во последната четвртина беше 63:46.Последната четвртина помина целосно во знакот на домашните кошаркари, кои покажаа одлилна игра во одбрана и напад, и овој квартал го добија со 31:14. Тимска игра им донесе  убедлива победа од 94:60, а во овој период се истакна Драговиќ со 100% реализација, и постигнати 10 поени.Кај Пелистер дури петмина кошаркари со двоцифрен поентерски учинок, а најефикасни беа Маслинко и Мијовиќ реализираа по 16 поени. Планиниќ имаше и дабл-дабл бројки, односно 11 поени и 10 скока, а Најт погоди 13.

More from ВестиMore posts in Вести »