Press "Enter" to skip to content

Дарко Радуловиќ, тренер на Пелистер: победата е минато, мора да ги исчистиме главите и да останеме смирени за нова во среда

Синоќа ви Битола екипата на Пелистер го одигра првиот натпревар во четвртфиналето од плеј-офот, во кој ја извојува победа и поведе со 1:0 против екипата на Еуро Никел.

По натпреварот тренерот Дарко Радуловиќ им честиташе на своите избраници за победата но напомена дека победата веќе е заборавена и со мирни глави и спуштени на земја го очекуваат вториот натпревар во среда попладне, повторно во „Боро Чурлевски“.-Честитки за играчите за нивниот пристап на овој натпревар. Бевме разноврсни во нападот и ги искористивме сите наши предности. Од минута во минута игравме подобро, со поголема самодоверба, а противникот почесто грешеше и остана без самодоверба. Но, оваа победа веќе е минато, мора да ги исчистиме главите и да останеме смирени. Токму тоа им го кажав и на кошаркарите во соблекувалната. Никако не треба да се опуштиме, пристапот и на вториот натпревар треба да биде ист или подобар, сигурно ќе биде многу потешко во среда и затоа треба да се држиме до нашата игра и принципи, рече Радуловиќ.

Вториот натпревар ќе се игра во среда во Битола во 19 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »