Press "Enter" to skip to content

Спомени засекогаш и интересни доживувања од генерациската ексурзија на учениците од Горната гимназија (фотогалерија)

Ученичките екскурзии остануваат во сеќевањата на сите, особено средношколските. Доживувања и први искуства на зедничко патување на генерцијата. Подобро запознавање, нови пријателства, симпатии, љубови… сето ова допринесува спомените од патувањето кое трае оклу една седмица да останат засекогаш и долго да се пресакажуваат. Доказ за тоа ќе бидат и илјадниците селфи фотографии кои долго ќе ги гледаат на своите мобилни телефони и ќе си разменуваат.Се сеќавам на изреката: “Кога ќе се вратите и видите фотографиите се ќе заборавите“, која ја кажа еден искусен туристички водич од нашиот град. Така и ќе биде средношколците од трета година во гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола кои се вратија со убави спомени и доживувања од генерациската ексурзија која траеше 6 денови. Преку Белград Србија , Загреб Хрватска до Италија Сирмионе, Милано, Верона, Венција, Трст…поминаа над 3.000 километри.Средношколците посетија многу историски споменици и знаменитости: главниот градски плоштад, Споменикот на Јосип Јелачиќ, Споменикот на крал Томислав во Загреб.

Во Милано Централниот плоштад, Катедралата Дуомо, Миланска опера. Во Верона статуата на Данте, статуата и куќата на Јулија и езерото Гарда. Плоштадите Деи Сињори, Бра и Ерве.

Патуваа со брод до Венеција каде ги посетија плоштадот и црквата “Сан Марко“, “Дуждевата Палата“, “Мостот на воздишките“…Љубителите на спортот, се радуваа на посетите на стадионот и паркот “Максимир“ во Загреб, стадионот на “Сан Сиро – Џузепе Меаца“, патеката за Формула 1  “Монца“.Ева Ристевска ученичка од III 2 по враќањето возбуедено ни кажа:-Иако беше долг патот со многу часови во автобусот кога ќе се симневме заборававме на се. Бевме воодушевени од убавините на Италија особено гратчето Сирмионе каде застанавме и времето беше сончево и зраците се одсликуваа во езерцето на гратчето. Разгледавме и пиевме преубаво италијанско кафе покрај вода. Исто така ме воодушеви Верона со љубовната приказна за Ромео и Јулија која иако сите ја знаевме во историскиот амбиент имаше поинакво значење за сите нас.

-Јас сум Ангела Ивановска ученичка од III 2, најповеќе од екскурзијата ми се допаднаа знаменитостите во  градовите  Верона и Венеција. Убави спомени ми останаа од секој град што го посетивме. Но екскурзијата ќе ни остане во сеќавње и по тоа што се запознавме подобро со цела генерација, стекнавме нови пријателства, доживеавме прекрасни нови моменти а и најбитно имавме дружба која ќе остани во нашето сеќавање…-Најголем впечаток ни остави дружењето бидејќи цела генерација се зближивме уште повеќе. Многу се радуваме што ги посетивме и фудбалските стадиони кои ги следиме од мали. Ни зборуваа средношколците кои се радуваа на посетата на стадионите, каде направија и дресови со нивните имиња.Организаторите на екскурзијата професорите и агенцијата беа задоволни што покрај убавите моменти сите безбедно и сигурно се вратија во Битола.

Текст и фото: Дамијана Ристевска