Press "Enter" to skip to content

“Не признавај“ нова песна на Никола Зацевски, надополнување на албумот “Срцето Мое Тука Чука” (фото+видео)

Новата песна “Не Признавај” на Никола Зацевски деновиве е промовирана на неговиот  “YouTube“ канал, и повикува да уживаме во ова музичко дело кое произлезе од претпознатливи и преубави македонски звуци, а за неа тој вели:-Со големо задоволство сакам да ја споделам мојата нова песна “Не Признавај” што промотивно ја објавив на мојот YouTube канал. Ова е уште едно парче музика кое го надополнува на албумот “Срцето Мое Тука Чука”.

Зад оваа песна стои и еден многу млад и талентиран автор Бојан Димитровски, кој се потпишува за музиката, текстот и аранжманот, а ова е прва негова соработка со Зацевски, а најавуваат и нови проекти заедно.Мастеринг и снимањето беше обработено со Ангел Ќосев, во неговото студио “Подрумот”, додека зад видео записот се потпишува Никола Митревски и пратечки вокал Мартина Нанеска.

More from ЗабаваMore posts in Забава »