Press "Enter" to skip to content

“Iva Nail Bar“ викенд промоција на “Nail&Go“ светски бренд со соработници и клиенти во обновениот простор во “Веро“ (фотогалерија)

“Iva Nail Bar“ во обновен пријатен, удобен, простор за “Nail&Go“ светски тренд за брз маникир, сместен во лоби на горно Веро.

Пастелни бои, едноставни линии, смирен амбиент, пролетно зеленило…

Iva Nail Bar е ново и единствено место во градот за едно малку поинакво женско дружење со кафе или чај.

Тимот на „ Iva Nail Bar“ овој викенд на интересен настан ги претставуваа брендовите на “Nail&Go“ светски тренд на маникир.

На отворањето се запознавме и со нивните долгогодишни соработници, кои заедно со персоналот на “Iva Nail Bar“ направија вистинска и уникатна забава и за своите клиенти од сите возрасти. Изненадувања за најмалите кои уживаа во детска шминка.Исто така бројни проблематики на тема педикир, габични заболувања и инфекции, нега на лице, проблеми на кожа, нега на раце, маникир и правилна употреба на козметички препарати, беа само дел од богатата програма која вработените во своите два Iva салони денес успешно и професионално ја реализираа.

Поразговаравме со сопственичката на „Iva beauty center“  и „ Iva Nail Bar“ Марија Новачевска  за интересниот  настан и промоции, која рече:-Уникатниот концепт “Nail&Go“ е светски тренд кој ужива огромна популарност кај жените, бидејќи подразбира брз маникир без закажување, но и уживање и релаксација со омиленото кафе или чај. “Iva Nail Bar“ веќе 7 години го следи овој тренд, држи чекор со најпознатите светски брендови и им овозможува на своите клиентки брза, професионална и квалитетна услуга. Реновираниот простор е дизајниран да обезбеди највисоко ниво на удобност, комоција и уживање,  по модел на светски најпопуларните “nail barovi“, кој сега има капацитет да услужува повеќе клиентки во исто време. Насмеаните лица зборуваат за успешните презентации, а клиентите имаа можност да се информираат и за производите за домашна нега кои се во продажба кај нас.

“Iva Nail Bar“ е единствено место во градот за едно малку поинакво женско дружење за брз маникир и педикир.

Посетете не, се наоѓаме во лобито на горно “Веро маркет“.

[ngg src=”galleries” ids=”1932″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]